Де Бруин со емотивно откритие: Еве како Мурињо ме избрка од Челси…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец, Кевин Де Бруин стана еден од најдобрите играчи за врска во Европа по фантастичните партии во дресот на Манчестер Сити.

Де Бруин во Сити пристигна летото 2015. година од Волфзбург за околу 45 милиони евра, а во германскиот клуб одигра нешто повеќе од една година.

Белгиецот привлече внимание кон себе со партиите во Генк, а Челси го купи летото 2012. година за 9 милиони евра. Меѓутоа, во лондонскиот клуб не доби вистинска шанса поради што Жозе Мурињо одлучи да го продаде две години подоцна.

Меѓутоа, португалскиот стратег направи голема грешка со продажбата на Де Бруин кој само една година подоцна докажа колку вреди. Белгиецот се присети на заминувањето од лондонскиот клуб кој не беше ниту малку убаво.

„Се сеќавам на тој ден кога Мурињо ме повика во својата канцеларија. Само зивади лист на масата и почна да ми покажува и зборува дека имам една асистенција, нула погодоци и десет освоени топки“, почна Де Бруин и продолжи:

„Тоа беше момент во кој не бив единствен во немилост кај Мурињо бидејќи тука беше и Мата. Ми кажа дека ќе бидам шетти избор на место шести ако Мата замине од клубот. Одговорив дека е подобро да ме продадат бидејќи сакам да играм фудбал, а не да седам на клупа“.

За Де Бруин тоа не бил најтешкиот момент во животот бидејќи вистинската драма ја проживеал додека бил во младинскиот тим во Генк.

„Отидов во академијата на Генк која е на другиот крај на државата. Ме исмејуваа поради дијалектот. Имав семејство каде престојував, каде живеев, а потоа мајка ми ми кажа додека бев дома за празниците дека тоа семејство повеќе не ме сака. Посочиле дека сум премногу тивок и дека не можат да зборуваат со мене. Тоа ме мотивираше да остварам се што остварив денес“, додаде фудбалерот на Сити.