Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нероаѕурите сепак ќе бидат еден од конкурентите за Скудетото, ако се суди по најновите информации околу потенцијалното засилување.
Според наводите на бразилски Гоал порталот, фудбалерот на Сантос и репрезентативец на Бразил Габриел Барбоса кариерата ќе ја продолжи на Џузепе Меаца.
Но, надовите на бразисли Гоал порталот, фудбалерот на Сантос и репрезентативец на Бразил Габриел Барбоса кариерата ќе ја продолжи на Џузепе Меаца.
Популарниотр Габиагол е на листата на желби и на неколку премиерлигашки клубови, а и торински Јувентус изрази желба за неговиот потпис.
Сепак, како што сега делува, Габигол ќе се пресели во “претстолнината на Модата“ каде што ќе го носи дресот на Интер.
Според наводите на популарниот портал, Сантос засега ја прифати само понудата на Нероаѕуруте, иако е познато дека и Лестер соевремено испрати понуда од 23 милиони фунти на адреса на бразилскиот клуб за услугите на 19-годишниот офанзивец.
Интер беше нешто подарежлив, испрати понуда од 25 милиони фунти, а управата на бразилскиот клуб ја прифати бидејќи миланскиот клуб наводно сака да го остави во Сантос до јануари, што беше голема желба на претседелот на Сантос.
Сепак, останува за Интер после Олимписките игри во Рио да ја договори соработката со младиот напаѓач, и сеуште постои можност за некој клуб да влезе во игра со уште посилна понуда, и да ги расипе плановите на на Нероаѕурите.
Засега клубот кој неодамна го превзеде Франк Де Бур е во голема предност, но да сочекаме да видиме како ситуацијата ќе се развива.
„Габигол„ за сениорската репрезентација настапуваше на неодамна завршената Копа Америка Сентенарио, а моментално е во Рио со селекцијата на Бразил, каде што во среда го очекува полуфинален дуел со селекцијата на Хондурас.
Да потсетиме, во Интер во ова лето стигнаа седум фудбалери. Ново засилувања на Нероаѕурите се Чанер Еркин (Фенербахче), Евер Банега (Севиља), Реј Манај (Кремонезе), Џанлука Карпари (Пескара), Кристијан Ансалди (Џенова), Додо (Рома), и Антонио Кандрева (Лацио), а за пет милиони евра е откупен и договорот на Марсело Брозовиќ од загребски Динамо.