Де Бур ќе добие големо засилување: Нероаѕурите доведуваат играч за врска од 50 милиони!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалски клуб Интер ја подобри понудата на 50 милиони евра за играчот за врска на лисабонски Спортинг Жоао Марио, наведуваат Рекорд и Газета дело Спорт.

Интер е спремен одма да уплати 45 милиони евра, а дополнителни пет низ бонуси, што треба да ја задоволи управата на Спортинг, иако претходно одбијаа да се откажат од 23-годишниот фудбалер.

На трансферот работи и агентот на играчот Киа Јорбачијан, кој држи дел од договорот на Марио, и инсистира на премин во Милано, како и самиот играч.

Жоао Марио беше стандарден во репрезентацијата на Португалија која го освои ЕП во Франција.

Тој ги помина младинските школи на Порто и Спортинг, додека за првиот тим на „лисабонските лавови“ настапува четири сезони.

Така Франк Де Бур одма по превземањето на клупата на Нероаѕурите може да добие големо засилување.