Де Бур: Ќе ја победиме Македонија, но можеби е подобро да загубиме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Холандија, Франк Де Бур кажа дека неговата репрезентација ќе ја победи Македонија во групта Ц од Европското првенство, иако смета дека можеби би било подобро да загубат.

Де Бур вчера го објави конечниот список со фудбалери за турнирот, по што за медиумите откри дека ќе ги победи сите ривали, иако можеби тоа не би било најдобро за неговата екипа.

„Ќе ја победиме Украина со 3-1, а потоа Австрија со 2-1 и така ќе се пласираме во следната фаза. Очекуваме победа и против Македонија од 3-0, но можеби е подобро да загубиме затоа што ако сме први ќе треба да играме против Германија, Франција или Португалија“, вели Де Бур.