Де Хеа доби „отпусна листа“: Јунајтед руши светски рекорд за голман


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манчестер јунајтед размислува да го активира „планот Б“ и да го купи Јан Облак за нов светски рекорд од Атлетико Мадрид.

Се претпоставува дека Облак ќе биде прв голман чија цена ќе надмине 100 милиони евра, па тоа значи дека Давид де Хеа ќе замине од Манчестер.

Една од причините што сака да го напушти Јунајтед е недовербата во плановите на тимот за враќање во врвот на англискиот фудбал.

Англиските медиуми пишуваат дека доколку Де Хеа не потпише договор до јануари, тогаш неговата намера е да се пресели во Јувенту.

Наводно, неговиот агент веќе разговарал со Паратичи и Недвед, кои се подготвени да го ангажираат шпанскиот чувар на мрежата.