Де Хеа е трагичар: Виљареал ја освои Лига Европа 🎥

Виљареал и Манчестер јунајтед одиграа одличен натпревар во финалето на Лига Европа, а на крајот триумфот и титулата му припадна на шпанскиот тим по изведување пенали.

Шпанскиот тим поведе во 29. минута од натпреварот преку Жерард Морено, по што израмнувањето пристигна во второто полувреме преку Едисон Кавани.

Во првото продолжение од мечот се играше без голови и со неколку шанси на двете страни, но мрежите останаа да мируваат, а токму тоа се случи и во второто продолжение, по што победникот се решаваше на пенали.

Во пенал-серијата подобар беше тимот на Виљареал и ја освои титулата во Лига Европа за оваа сезона, а обезбеди и пласман во Лига на шампиони.