Де Хеа оди во пензија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот чувар на мрежата Давид Де Хеа наскоро би можел да ја заврши кариерата ако не добие понуда да биде прв голман на некој тим.

„Гардијан“ објави дека Де Хеа имал богати понуди од Саудиска Арабија, но ги одбил затоа што сака да остане во Европа.

Де Хеа ја почна кариерата во Атлетико Мадрид, а потоа потпиша за Манчестер јунајтед во 2011 година за 25 милиони евра.

Со „црвените ѓаволи“ ги освои Премиерлигата, ФА Купот, Лига Купот и Лига Европа, а двапати беше најдобар чувар на мрежата во англискиот шампионат.