Де Хеа смета дека Манчестер јунајтед е проколнат: Не знам зошто овој тим не функционира…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед сезонава игра многу лошо и повторно ќе остане без титулата во Премиерлигата, затоа што е далеку зад конкуренцијата, па им претстои само борба за пласман во Лигата на шампиони.

Голманот Давид де Хеа смета дека овој тим е проколнат и поради нешто не им оди како што треба и како што се најавуваше пред почетокот на сезоната.

„Верувам дека некој нè проколна или нешто слично. Навистина не знам што се случува. Луѓето често ме прашуваат за состојбата во тимот. Често разговарам и со соиграчите и не знаеме што се случува. Требаше да се бориме за нови трофеи, но не знам зошто овој тим не функционира“, вели Де Хеа.

Шпанскиот чувар на мрежата е на „Олд Трафорд“ од 2011 година, а успеа да освои шампионска титула само во 2013 година, но затоа се закити со ФА-купот, Карабао Купот, Лига Европа и три Комјунити Шилд.