Де Јонг е разочаран од колегите во Барселона: Тажен сум зашто нема никаква гордост…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френки Де Јонг беше херој вчера на Барселона во победата против Депортиво Алавес (1-0), откако во последните минути постигна гол вреден три бода во шпанската Ла Лига.

Екипата на Чави Ернандез ниту вчера не играше добро против Алавес, но сепак Каталонците со новите бодови стигнаа на само еден бод до четвртата позиција.

Де Јонг беше во центар на внимание и по натпреварот даде искрена изјава во која зборуваше за претходните порази, а посебно за тој во Суперкупот од Реал Мадрид.

Барселона беше поразена со 2-3 во полуфиналето, а многу фудбалери и членови на екипата зборуваа дека се задоволни со резултатот, но Де Јонг не се согласува со нив.

„Тажен сум кога зборуваме дека сме горди по пораз од Реал Мадрид. Ние сме Барселона и секогаш мора да бидеме разочарани по пораз“, вели Де Јонг.