Де Јонг прв се огласи на Твитер по отказот на Валверде


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ернесто Валверде од синоќа веќе не е тренер на Барселона бидејќи клубот се одлучи да му врачи отказ.

Валверде не се прослави на клупата на каталонскиот клуб иако освои две титули во Шпанија. Но, резултатите на европска сцена изостанаа, а “пресуди” лошиот настап на Барселона на шпанскиот Супер куп.

Клубот вчера одржа состанок со него и му соопшти дека веќе не е тренер на Барселона. Неговото место го превзема Кике Сетиен кој денеска ќе биде претставен пред навивачите на Блауграна.

Интересно е дека само по седум минути по објавата дека Валверде не е веќе тренер на Барселона на Твитер се огласи Френки Де Јонг. Холанѓанецот беше стандарден кај Валверде, но не имаа баш добар однос бидејќи од првиот ден не играше на својата природна позиција.

Де Јонг објави фотографија на Твитер и навивачите веруваат дека ова е двосмислена порака на младиот играч за врска на Барселона.