Де ла Фуенте ја „стресе“ Европа: Не постои подобар тим од нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте беше пресреќен по победата против Италија (1-0) со која неговиот тим се избори за осминафинале на Европското првенство (ЕП).

Де Ла Фуенте кажа дека не постои подобра селекција од Шпанија на ова ЕП, а тоа можело да се забележи против актуелниот европски шампион.

„Доминиравме во сите фази од играта, иако ова беше тежок натпревар. создадовме многу шанси, но не остваривме голема победа. Ако зборуваме реално, тогаш мислам дека не постои подобра селекција од нас на ова првенство“, кажа Де Ла Фуенте.