Де Лаурентис, Галијани и првиот човек на Аталанта ќе заглават во затвор?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанското обвинителство почна нова истрага за перење пари во Серија А, па во неа се вклучени неколку тимови и нивните газди.

Обвинителството побара затворски казни за првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси, како и главниот човек на Монца, Адријано Галијани.

Медиумите пишуваат дека во истрагата се „чешлале“ трансфери од 2013 и 2014 година, при што било откриено дека се прикажувале лажни документи и се правеле други финансиски малверзации.

Според барањата на обвинителството, Де Лаурентис и Перкаси може да заглават во затвор до 12 месеци, Галијани би добил 13 месеци, а конечните одлуки се очекуваат дури во 2023 година.