Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис призна дека го контактирал Алегри пред да го доведе Џенаро Гатузо на клупата.
Наполи го отпушти Карло Анчелоти на почетокот на декември минатата година и побара негова замена.
Во главата на Де Лаурентис имаше две имиња – Гатузо и Алегри.
На крајот, првиот беше официјализиран како нов тренер, а останува прашањето што би се случило доколку Алегри се согласел на преговорите. Сепак, поранешниот тренер на Милан и Јувентус бил многу искрен со Де Лаурентис кога го повика.
“Сакав да разговарам и со Алегри и со Гатузо. Прво го повикав Алегри, со кого имав одлични односи со години. Кога го повикав, тој беше многу искрен. Ми рече: Аурелио, јас одмарам, ми треба. Нема да ја затворам вратата целосно затоа што направивте одличен проект и двајцата се почитуваме еден со друг, но решив да одморам”.
„Го повикав Рино (Џенаро Гатузо). Тој пристигна во Рим и еве сме сега, каде што сме“, додаде Де Лаурентис.
Да потсетиме, Наполи го освои првиот трофеј по пет години во Рим пред две ноќи затоа што во финалето на Купот на Италија го совладаа Јувентус. Исто така, таа е прва тренерска титула за Гатузо.
Клубот сега му следи враќање во Серија А, но и реваншот од осмина финалето на Лигата на шампионите против Барселона на почетокот на август. Де Лаурентис верува дека неговиот тим има шанса да помине во четвртфиналето и да игра на Ф8 турнир во Лисабон, среде август.
“Не ги земајте нашите соништа. Тие се мотори на животот. Тоа ќе биде одлично шоу во Барселона. Ние сме мирни, сигурни во нашите способности и ќе помине подобар тим.”, додаде клупскиот претседател од стадионот „Сан Паоло“.