Де Лаурентис потврди: Елмас се сели во Лајпциг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас си заминува од италијанскиот шампион Наполи и се сели во бундеслигашот Лајпциг.

Наполи ќе добие 25 милиони евра за трансферот на Елмас, кој се очекува да потпише договор до јуни 2025 година.

Оваа информација ја потврди и претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

„Го продадовме Елмас, работата е завршена. Тој секогаш сака да игра многу, па затоа решивме да го пуштиме. Не можеше да разбере дека можеш да бидеш стартер, иако не ги играш сите 90 минути“, кажа Де Лаурентис.