Де Лаурентис призна дека Спалети е блиску до заминување од Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи по 33 години пауза ја освои титулата во Серија А, но тренерот Лучано Спалети е пред заминување од екипата.

Спалети беше еден од најзаслужните за освојување на Скудетото, но не му се допаднал потегот на Аурелио Де Лаурентис по освоената титула.

Тренерот на Наполи очекувал да биде повикан на состанок и притоа да му биде понудена нова соработка, но тоа не се случило.

„Спалети е вистински ас и таквите како него мора да имаат простор за да го дадат најдоброто од себе. Нормално е дека подобра варијанта е да остане, но не сакам да му ги врзам крилјата“, кажал Де Лаурентис.