Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ја напушта Рома после 18 години.
Даниеле Де Роси на крајот од оваа сезона ќе ја напушти Рома, денес го потврди тоа.
Де Роси е една од иконите на Рома кои имаат одиграно 615 натпревари за време на 18 сезони, има постигнато вкупно 63 погодоци и 54 асистенции. Во дресот на Рома има освоено 3 трофеи, два Италијански Купови и еден Италијански Суперкуп.
„Вчера бев информиран дека мојот договор нема да биде продолжен. Оваа сезона полнам 36 години, не сум глупав. Живееме во светот на фудбалот каде што работите се јасни доколку никој не те повика на разговор за продолжување на договорот. Не сме разговарале. Отсекогаш имав чувство дека ова ќе се случи на крајот на оваа сезона“, рече Де Роси, додавајќи:
„Последниот пат кога потпишав двегодишен договор беше денот кога Ди Франческо се повлече. Не сакав да зборувам за тоа за да не создадам лош амбиент и лоша слика. Постои меѓусебно почитување, но чувствувам дека можам да продолжам да играм“.
„Не сакам да разговарам со други тимови. До натпреварот против Џенова бев сигурен за во Лигата на Шампионите и не сакав никој да го реметам. Примив 500 пораки.
Немам проверено дали има понуди! Сеуште се чувствувам како фудбалер и знам дека ќе ми биде жал ако сега ја прекинам мојата кариера“, додаде Де Роси.
Каде понатаму?
„Незнам дали ќе останам во Италија или ќе одам во странство. Морам да разговарам прво со моето семејство, па самиот со себе и со мојот агент… Ќе се советувам со сите и ќе видиме што ќе испадне понатаму.. Директор на Рома? Тоа сега не ме привлекува, но доколку се случи нешто такво, тоа ќе биде во Рома“, заклучи тој.