Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот интернационалец Даниеле Де Роси ќе остане во Бока Јуниорс барем до декември 2020. година.
Претходно се зборуваше дека судбината на некогашниот везен на Рома ќе зависи од тоа што ќе се случи со спортскиот директор на клубот Николас Бурдисом, но Аргентинците пренесуваат дека Де Роси ќе остане без оглед на тоа.
Легендарниот италијански везен има големи проблеми со повредите откога се пресели во Аргентина и до сега тој има одиграно само пет натпревари за Бока.
Поради тоа се шпекулираше дека тој можно е да ја заврши својата кариера и да се врати во Рим за да ја превземе тренерската функција на јуниорскиот тим на Рома, но сега извесно е дека за тоа ќе причекаме уште една година.
Де Роси има 36 години, но без оглед на тоа сеуште има голем мотив да им покаже на навивачите на Бока што знае тој.