Де Роси откри во кој англиски гигант посакувал да игра во својата кариера: Отсекогаш го сакав тој клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италијански фудбалер, Даниеле Де Роси кој неодамна стави крај на својата играчка кариера откри дека имал желба да игра за Манчестер Јунајтед.

Де Роси се прости од фудбалот по кратката авантура во Бока Јуниорс, а на фудбалската јавност и стана познат по долгогодишните настапи во дресот на Рома.

Италијанецот во интервју за „Скај Спортс“ посочи дека жали што не го облекол дресот на Манчестер Јунајтед затоа што навивал за овој клуб уште како мал.

„Би сакал да имав можност да играм за Манчестер Јунајтед. Отсекогаш го сакав Манчестер Јунајтед, навивав за нив уште како дете“ –кратко изјави Де Роси.