Де Роси постигна гол на дебито за Бока, но потоа великанот остана во шок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот италијански фудбалер Даниеле Де Роси постигна погодок на дебито за аргентинскиот великан Бока Јуниорс.

Во средбата од Купот, Бока на запрепастување на сите беше поразена после пенали од второлигашот Алмагра (1:1) 1-3, но овој меч ќе биде запамтен и по погодокот на Де Роси.

Бока поведе во 28. минута. После корнерот во казнениот простор најдобро се снајде Де Роси и погоди за 1-0.

После доста промашени шанси во 81. минута стигна казна. Гостите преку Мартинез дојдоа до изедначување, за подоцна да победат на пенали.

Ова значеше и елиминација на Бока од Купот и голем шок на Ла Бомбонера.