Деби победа на Северна Ирска на ЕП, Украина ги пакува куферите


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Репрезентацијата на Северна Ирска, која е дебитант на ЕП, денеска остври историска победа над Украина (2:0).

Првото полувреме не понуди ништо посебно. За 45 минути не е видена ниту една шанса за гол, но само три минути во продолжението беа доволни за работите драстично да се променат. После еден прекин, Герет Меколи со глава погоди за водство на Северна Ирска од 1:0.

Во 58 минута од натпреварот мораше да биде прекинат и тоа поради силен град, но мечот е продолжен после неколку минути. Украина до крајот на натпреварот пробуваше да дојде до израмнување, но нападите  на оваа селекција беа јалови.

Кога се очекуваше крај на натпреверот резервисот Мекгин во седмата минута од судиското продолжение го постигна вториот гол за својата со што ја потврди оваа победа. Северна Ирсска така прослави голема победа и остана во игра за пласман во осминалето на ЕП. Од друга страна, за Украинците ова беше втор пораз и нивните шанси за пласман се сведени на минимум.