Дедото удира како момче: Џонс бегаше во рингот од Тајсон ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајк Тајсон на 54 години се врати во ринг. Борбата против Рој Џонс заврши нерешено, но Тајсон неколку пати покажа зошто беше најмлад шампион во тешка категорија.

Тајсон изгледаше одлично во рингот, додека Џонс немаше одговори за неговите напади и бегаше низ рингот.

Иако влезе во шестата деценија, контроверзниот Тајсон покажа дека уште може да боксува на врвно ниво.

„Тешко е да се примаат удари од Тајсон, треба да видам со семејството дали повторно ќе почнам да го правам ова“, беше првата изјава на Џонс по мечот.

Тајсон најави наскоро нова борба дека сака да оди напред.

„Две минути ми изгледаа како три. Среќен сум што повторно се вратив во рингот и апсолутно ќе продолжам напред“, кажа легендарниот Американец.