Дегенек со четири зборови ги изнервира навивачите на Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милош Дегенек зборува без „влакна на јазикот“, па беше искрен и по елиминацијата на Црвена Звезда од Лига Европа.

По првиот меч против Милан во Белград од 2-2, во реваншот резултатот беше 1-1, па српскиот тим мораше да се збогува од натпреварувањето.

Ц. Звезда одигра одличен меч против Милан и со 10 фудбалери, а по натпреварот Дегенек кажа дека го натерале тимот од Милано да се брани во текот на целиот дуел.

Дефанзивецот не застана тука, па на Твитер остави коментар по мечот и така ги налути навивачите на италијанската екипа.

„Тие имаа многу среќа“, напиша Дегенек и веднаш предизвика бурни реакции.