Дејан Илиев потпиша за Сараево


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Дејан Илиев денеска потпиша договор со поранешниот босански шампион Сараево.

Илиев го напушти ХЈК Хелсинки, каде што играше од февруари 2023 година, а во иднина ќе ги брани боите на Сараево.

Македонецот во минатото бранеше и за Тренчин, а играше и на позајмици во Серед, Шревсбури, Јагедониа и го носеше дресот на Арсенал.

Голманот во Сараево му се приклучи на македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски.