Дејан Илиев си замина од Хелсинки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Дејан Илиев повеќе не е дел од ХЈК Хелсинки, откако екипата од Финска ја потврди разделбата преку социјалните мрежи.

Илиев пропушти голем дел од сезоната поради повреда, па си заминува од тимот затоа што Хелсинки реши да не ја искористи опцијата за продолжување на соработката.

„Сезоната на Дејан Илиев заврши уште на крајот на јули со повреда. Во неговите 11 натпревари, голманот успеа да ги убеди навивачите во своите квалитети. Хелсинки не ја искористи опцијата во неговиот договор, па така тој заминува на друго место“, објави Хелсинки.