Дејан Ловрен се сели во Серија А?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на хрватската репрезентација Дејан Ловрен (30) би можел да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А.

Според медиумите на Апенините, Лацио покажал силен интерес да го донесе 30-годишниот стопер на Ливерпул и ќе се обиде да го ангажира уште во летниот рок.

Ловрен не е првиот избор на Јирген Клоп. Иако има уште една година договор, сигурно е дека тој ќе го напушти „Енфилд“, и ќе видиме дали на крајот римскиот тим ќе успее да го доведе во своите редови.

Хрватскиот фудбалер претходно беше поврзан со преселба во Серија А. Тој, наводно, беше многу блиску до Милан и Рома минатата сезона, но на крајот не беше постигнат договор.

Покрај Лацио, интерес за 30-годишниот дефанзивец покажуваат и Тотенхем, Лион и Арсенал.