Дејвис со 55 поени го наполни кошот на Вашингтон за нова победа на Лејкерс (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ентони Дејвис одигра одличен меч за Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето кај Вашингтон визардс (130-119) и тоа е трета победа по ред за поранешниот шампион.

Лејкерс конечно почна да игра како што се очекува од нив, а ѕвезда на вечерта беше Дејвис со 55 поени и 17 скокови, па така му помогна на тимот да ја запише 10. победа оваа сезона.

Добар настап имаше и Леброн Џејмс кој постигна 29 поени за Лејкерс, додека на спротивната страна Порзингис постигна 27 поени.