Делбонис се држеше против Надал, но на крајот доживеа убедлив пораз


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Рафаел Надал во три сета го победи Федерико Делбонис и така се пласираше во трето коло на Австралијан опен, откако по сетови славеше со 6-3,7-6 и 6-1.

Во првиот сет Надал веднаш почна да го загрозува противничкиот сервис и имаше дури шест брејк топки во вториот гем, а во четвртиот успеа да направи брејк и да го освои сетот со 6-3.

Во вториот имаше многу повеќе работа за првиот тенисер во светот, Делбонис беше одличен, па се држешедо самиот крај, кога Надал го доби сетот во тај-брејк.

Во последниот сет Шпанецот доби две брејк шанси, во четвртиот и шестиог гем, двете ги искористи и така се пласираше во следното коло.

Нареден ривал на Надал ќе му биде Пабло Карено Буста, кој беше подобар од Гојовчик со 3-1 во сетови.