Демант од Кинезите: Интер не е на продажба!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Интер, Стивен Жанг се јави со соопштение по вестите дека тимот ќе биде продаден затоа што компанијата „Сунинг“ доживеа огромна загуба и не може повеќе да го финансира клубот.

„Кориере дело Спорт“ прв ја објави веста за продажбата на тимот, по што веднаш се јави Жанг со демант за тие вести.

„Претседателот Стивен Жанг ги демантира лажните вести и кажа дека нема основа за вакви шпекулации“, пишува меѓу другото во соопштението на Интер.