Напаѓачот на ПСЖ се согласи со тврдењето на ѕвездата на Реал дека во текот на кариерата бил доживуван само како “талентиран играч”, додека Килијан од самиот почеток ја носи етикетата “избраниот”…
Трката за Златната топка, која France Football ќе ја додели на 21 октомври за најдобриот фудбалер на светот во минатата сезона, сè повеќе се разгорува. Усман Дембеле, актуелниот освојувач на оваа престижна награда, во изјава за Ligue 1 + се осврна на гласањето и коментарите кои го следат годинашниот избор.
“Секогаш седев во последната клупа и напорно работев. Во текот на целата кариера не изговорив ниту збор, само жестоко тренирав”, изјави поранешниот играч на Барса по победата од 1:0 на ПСЖ против Брест во четвртото коло од Лига 1.
“Како што веќе реков, никогаш не ме гледаа како избраникот. Но, напорно работев и минатата година тоа ми се врати со фантастична сезона во ПСЖ. Што се однесува до оваа година — ќе видиме, без никаков притисок, сосема опуштено.”
















