Ден кој ќе го памети засекогаш: Како дете тетовира лого од ЛШ, а дебитира на 27 години (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лигата на шампиони (ЛШ) со децении е најатрактивното клупско натпреварување, па навивачите со нетрпение ги очекуваат натпреварите, а вчера на еден фудбалер му се оствари сонот.

Џовани Симеоне вчера настапи за Наполи во ЛШ во победата од 4-1 против Ливерпул и успеа да постигне гол, а интересно е тоа што дебитира во натпреварувањето дури на 27 години.

Симеоне по голот ја бакна тетоважата од ЛШ, која ја направи кога имаше само 14 години, по што ја откри целата приказна.

„Ја тетовирав кога имав 14 години, иако татко ми не ми даваше. Имав желба да си го остварам сонот и конечно успеав, а притоа постигнав гол во ЛШ“, кажа 27-годишниот фудбалер и син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.