Ден на хаос во Англија: Над стадионот на Брентфорд леташе дрон, а на „Гудисон“ летаа шишиња! 🎥

Не навикнавме во Премиерлигата да гледаме сцени какви што имаше денеска. Најпрво поради високите казни и забраната за влез на стадиони, навивачите ретко прават проблеми, но овој пат се надминаа.

Сè почна на „Гудисон парк“, каде што Астон вила славеше со 1-0 против Евертон, а по голот на гостите се случи вистински хаос, кога беа погодени двајца фудбалери со шишиња при прославата.

Само два часа подоцна, голем инцидент се случи во Брентфорд, кога еден дрон леташе над стадионот, па фудбалерите веднаш беа испратени во соблекувалната.