Деонтај Вајлдер е повреден, а тоа го отвора патот за други борби


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ентони Џошуа и Тајсон Фјури сепак би можеле да се борат за титулата апсолутен светски шампион до крајот на годината.

Ова го потврди првиот човек на боксот, Бери Херн, кој истакна дека Американецот Деонтај Вајлдер во моментот е повреден и дека ова може да го отвори патот за борбата Jошуа – Фјури.

Вајлдер има закажано реванш против Фјури, кој му ја одзеде титулата шампион во ВБЦ во февруари, додека ЕЏ го има Кубрат Пулев за ривал.

“Деонтај Вајлдер е повреден и не може да направи целосен тренинг барем до мај. Дали ова ја загрозува неговата трета борба против Фјури? Меѓутоа, сето ова може да се промени ако Вајлдер не е подготвен да се бори против Фјури. Ако боксот се “врати” до септември, а сите да бидат спремни освен Вајлдер тогаш Џошуа ќе го прескокне Пулев и ќе се бори со Фјури. Тој сака таа борба повеќе од било што.”, рече Харн, додавајќи:

“ЕЏ е заинтересиран да ги обедини титулите. Тајсон го има преостанатиот појас и јас би рекол дека шансите се 50-50 дека нивниот натпревар ќе се случи оваа година. Ако не ова, тогаш шансите се 95-5 дека ќе ги гледаме во рингот на почетокот од следната година. Но, сега мора да ги решиме другите проблеми“, додаде Харн.