Депај заминува од Јунајтед, но во ништо помал клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот фудбалер, Мемфис Депај ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед ова лето.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Депај не е во плановите на Жозе Мурињо и време е за разделба.

За неговите услуги интерес покажа Јувентус. Како што јавува италијански “Тутоспорт”, клубот од Торино наскоро ќе испрати официјална понуда за Депај која не би требало да биде пониска од 20 милиони.

Депај минатата сезона одигра 29 натпревари во Премиер лигата и постигна само два погодоци.