Дешам не се надеваше на ова: Се заклучи на тераса, па молеше да го пуштат! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот селектор Дидие Дешам имаше неочекувана и непријатна ситуација за време на престојот во хотел во Букурешт.

Франција в понеделник ќе игра против Швајцарија во Романија,а  во хотелот на светските шампиони се случуваше комична ситуација, иако на Дешам не му било смешно.

Дешам останал заклучен на терасата на хотелот во кој престојува со репрезенативците на Франција. Додека уживал во панорамата, останал без картичката и не можел да се врати во собата.

Морал да ги довикува навивачите кои биле пред хотелот, а тие му помогнаа така што го пријавиле случајот на рецепција, по што Дешам конечно го пуштиле во собата.

Франција заврши прва во групата Ф со пет бодови, откако ја победи Германија со 1-0, па одигра 1-1 против Унгарија и на крајот 2-2 против Португалија.