Дешан го напушта Мундијалот поради смртта на мајка му


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција Дидје Дешан го напушти кампот на својот тим поради смртта на мајка му.

Тажни вести пристигнуваат вечерва од Соединетите Американски Држави бидејќи Дидје Дешан нема да ја води селекцијата на Франција во дуелот со Норвешка. Тој следните неколку дена ќе ги помине во татковината поради смртта и погребот на мајка му.

Во договор со раководителот на францускиот фудбал Филип Диало, Дешан ќе ја предаде палката на својот најблизок соработник Ги Стефан.

Франција веќе се квалификуваше за продолжување на натпреварувањето и со Норвешка се борат за првото место во групата.

0 Коментари