Детали од несреќата на Киптум – автомобилот е здробен! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светскиот рекордер во маратон, Келвин Киптум го загуби животот во сообраќајна несреќа, во која настрада и неговиот тренер Жарваис Хакизамана.

Несреќата се случила вчера, кога Киптум загубил контрола врз својот автомобил „Тојота Премио“, а во возилото била и уште една девојка, Шерон Косги која се здобила со тешки повреди и завршила во болница.

„Во несреќата учествувало само едно возило во кое бил Киптум и уште двајца патници. Киптум и Хакизамана загинале на лице место, додека третото лице заврши во болница“, соопштија од болницата.

Според медиумите, Киптум загубил контрола врз возилото, по што удрил во огромно дрво пред да заврши во канал, а според фотографијата може да се забележи дека автомобилот е здробен.