Детали за разделбата: Познато кога Зидан донесе одлука да го напушти Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зинедин Зидан повеќе не го предводи Реал Мадрид, а сега шпанскиот гигант бара нов тренер за следната сезона и веќе неколку имиња се споменуваат како потенцијални замени за Французинот.

„Марка“ открива дека Зидан долго време размислувал за заминување, и покрај тоа што имаше договор до 2022 година, а од јануари почна интензивно да ја разгледува опцијата да го напушти Реал.

Пред натпреварот против Хуеска, Зидан зборувал за почит, па барал од медиумите да го остават на мир.

„Пред неколку месеци ја освоивме Ла Лига, а сега станавме најлоши?“, се бунеше Зидан на прес-конференцијата.

„Кралевите“ имаа многу падови и успеси во текот на сезоната, а до самиот крај се бореа за титулата во Ла Лига, која ја освои Атлетико Мадрид.

Зидан сакал да остане во Реал до крајот, но навивачите го изнервирале по поразот од Челси, а претседателот Флорентино Перез со часови го убедувал да остане во екипата, но Французинот не се согласил.

Французинот останал професионалец до крајот. Зидан ја одработи сезоната, а на никого не му кажа дека ќе замине и таа одлука ја знаело само неговото семејство.