„Дете од две години знае дека имаше пенал за Торино против Интер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалски судија, Паоло Касарин кажа дека Марко Гуида и останатите во ВАР-собата направиле голема грешка на мечот меѓу Торино и Интер (1-1).

Поранешниот судија смета дека во првото полувреме имало прекршок врз Белоти и требал да биде досуден пенал за домаќинот.

„Мислам дека и дете од две години ќе видеше дека тоа е чист пенал. Не е потребно да сте преофесионален судија за да знаете дека имаше контакт за најстрога казна“, вели Касарин.