Детенце сакаше да се збогува со Џеко и го чекаше цело утро 📸


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Босанскиот напаѓач Един Џеко замина во Интер и така по шест години ја напушта Рома. Во следната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот шампион со кој ќе потпише двегодишен договор.

Џеко ќе остане запаметен и по неговите настапи во Рома, откако за шест години постигна 121 гол и тој е трет стрелец на „Волчицата“ во историјата.

Џеко беше омилен меѓу навивачите на тимот од Рим, а посебно меѓу тие најмладите и тоа јасно го покажува една сцена од Италија, која се случи вчера.

Едно детенце цело утро го чекаше Џеко да се појави и за последен пат да се збогува со неговиот омилен фудбалер.