Девојката на Ругани ја крена Италија на нозе: Јувентус свесно го ризикувал животот на другите фудбалери!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италија е најпогодената држава во светот од Ковид-19, а прв заразен фудбалер во Серија А беше Даниеле Ругани од Јувентус. Неговата девојка денеска направи вистинска бура на интернет, откако кажа дека управата на клубот знаела од претходно за неговата болест.

Ругани, по потврдата дека е болен од коронавирус, веднаш бил изолиран и неговата состојба е стабилна, но според неговата девојка, Јувентус неколку дена подоцна објавил за случајот.

„Даниеле се врати дома и не беше во добра состојба. На 8 март направи тест за Ковид-19, а резултатите пристигнаа веднаш“, кажа девојка му.

Во Италија сите се прашуваат сите дали Јувентус намерно не објавил дека Ругани е болен за да го одиграат мечот со Интер и да се вратат на врвот на табелата.