Џака ќе добие казна зашто не сака да им се извини на навивачите на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека тренерот на Арсенал, Унај Емери разговарал на телефон со Гранит Џака, по што побарал да се извини јавно поради неговиот непристоен потег на мечот против Кристал Палас, кога се скара со навивачите на трибините.

Сепак, швајцарскиот репрезентативец е тврдоглав и не попушта, па го одбил барањето на тренерот и решил да не им се извини на навивачите, зашто смета дека тие први ја почнале „војната“.

Поради тоа, Емери имал состанок со управата на Арсенал, кадешто се разговарало за целата ситуација и тие, наводно, решиле да не му ја одземат капитенската лента, но затоа Швајцарецот ќе добие поинаква казна.

Џака ќе биде казнет парично, но засега не е познато колку пари ќе треба да плати поради неговиот погрешен потег.