Џеди Осман и познатата турска актерка се венчаа во Охрид (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турскиот репрезентативец и кошаркар на Кливленд кавалирс, Џеди Осман заедно со неговата избраничка, познатата турска актерка Ебру Шахин се венчаа вчера во Охрид.

Осман е роден во Охрид од татко Турчин и мајка Босанка, а во Македонија живеел неколку години, пред да се пресели во Сараево, а потоа во Турција.

Кошаркарот заедно со актерката планира за една недела да направат голема свадбена забава во Турција, односно во Чешме, каде што првпат се запознале.