Џејмс го испофали Јокиќ: Тој е неверојатен!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денвер нагетс го елиминира Лос Анџелес Лејкерс со 4-0н во финалето на Западната конференција и за првпат во историјата се пласира во големото финале.

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар и постигна 30 поени, 13 асистенции и 14 скокови, по што доби пофалби од Леброн Џејмс.

„Ништо не ми докажа, знам колку е голем. Јокиќ е неверојатен играч. Во лигата има добри кошаркари, а Јокиќ е еден од нив. Тој знае да постигне кош, да скока, да шутира. Знае да ја процени ситуацијата. Нема многу играчи како него“, кажа Џејмс.