Џејмс Родригез на еден чекор од трансфер !?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмс Родригез нема да го носи дресот на Реал следната сезона.

Колумбискиот фудбалер е еден од фудбалерите на кои тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан не смета, но 29-годишниот офанзивен играч од средниот ред нема да има проблем да пронајде нов клуб.

Џејмс во минатото се поврзуваше со голем број тимови, а сега пристигна конкретна понуда во Мадрид. Евертон ги започна преговорите со Реал за трансферот на овој фудбалер и тој е една од главните желби на Карло Анчелоти.

Менаџерот на тимот од Гудисон побара од раководството на клубот да му го донесе Џејмс. Тие веќе го започнаа процесот и Колумбиецот би можел да заврши на Островот.

Преговорите би можеле да бидат комплетиран многу брзо, а Реал може да добие помеѓу 25 и 30 милиони евра за неговите услуги.

Тоа е многу помалку од сумата што ја платија Монако за него во 2014. година. Таа изнесуваше 75 милиони евра, но парите што ги вложија во Џејмс Реал никогаш не ги оправдаа.

Џејмс беше на позајмица во Баерн две сезони, играјќи 125 натпревари за Реал и постигна 37 гола.