Џенова не го пушта Пандев во Интер,„нероазурите“ веднаш се свртија кон друг напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот новинар, Џанлука Ди Марцио утрово пренесе бомбастична вест поврзана со нашиот Горан Пандев.

Имено, новинарот на „Скај Спортс“ пренесе дека Интер ќе ги искористи последните моменти од трансфер периодот за во своите редови да го врати Горан Пандев кој би фигурирал како трет напаѓач на тимот зад Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

Сепак, истиот новинар кратко потоа објави дека Џенова нема намера да го пушти Пандев да си оди од клубот, па токму затоа Интерќе се обиде да го донесе Ислам Слимани од Лестер на шестмесечна позајмица.

За Слимани има интерес и од Манчестер Јунајтед кој исто така е во потрага по напаѓач за краток период.