Џон Стоунс – Се наѕира крајот на сапуницата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Штоперот на Евертон им соопшти на управата, каде би сакал да ја продолжи кариерата, пренесува “Daily Mail”. Стоунс сака во Манчестер Сити, желба му е да соработува со Пеп Гвардиола.

Младиот штопер се поврзуваше со “граѓаните”, ќе видиме дали луѓето што раководат со Евертон ќе му ја исполнат желбата.

Единствена пречка би била цената, бидејќи “Карамелите” не сакаат да го пуштат за помала сума од 50 милиони фунти.

Доколку Манчестер Сити прифати да даде толкава сума, Стоунс ќе постане најскапиот дефанзивец во историјата на англискиот фудбал. 22-годишниот фудбалер е на “Гудисон Парк” од јануари 2013 година, тогаш беше доведен од Барни за 3 милиони фунти.

Агитацијата на новоизбраниот менаџер Роналд Куман е да се доведе фудбалерот на Порто Бруно Мартинс Инди, што тоа значи дека Џон Стоунс е на излезните врати од Евертон.