Џон Тери ја напушта Астон Вила и презема историски клуб од Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меидумите во Англија пишуваат дека Џон Тери ќе си замине од Астон Вила каде што во моментов е помошник тренер за да започне сопствена тренерска кариера.

Тери во финалето од плеј-офот за пласман во Премиер лигата со својата Астон Вила ќе се соочи со Дерби, тим кој е предводен од поранешниот соиграч на стоперот, Френк Лампард.

Имено, сега се појавија шпекулации дека Џон Тери е сериозен кандидат да седне на клупата на Миделсбро.

Миделсбро пред неколку дена му врачи отказ на Тони Пјулис, па сега в година ќе влезе со нов тренер.

Освен Тери, сериозен кандидат за оваа позиција е  и поранешниот предводник на Фулам, Славиша Јокановиќ.