Џон Тери од следната сезона почнува самостојна тренерска кариера?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот легендарен фудбалер на Челси, а сега помошник на Дин Смит во Астон Вила, Џон Тери од следната сезона би можел да започне самостојна тренерска кариера.

Имено, „Дејли Експрес“ пишува дека за него се интересира тимот на Бристол Сити кој сака да му ја додели тренерската позиција на помошникот на Смит откако не успеале да го договорат Стивен Џерард кој решил да остане верен на Ренџерс.

Наводно Тери пројавил интерес за тренерската позиција во клубот кој го отпушти Ли Џонсон откако тренерот не успеа да го втурне тимот кон местата кои водат во плеј-офот во Чемпионшип лигата.