Ди Марцио: Пјаниќ заминува за 60 милиони


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Миралем Пјаниќ никогаш не бил поблизу до заминување од Јувентус, што го потврдуваат и најновите информации од Италија објавени од најпзонатиот трансфер гуру Џанлука Ди Марцио.

Вчерашниот ден беше многу позитивен за односот Јувентус – Барселона и преговорите одат во насока како што сакаат и двата клуба. Како што стојат работите сега, ќе го гледаме Пјаниќ на Ноу Камп од следната сезона, додека Артур Мело ќе отпатува за Торино.

Постигнат е договор меѓу клубовите, тврди Ди Марцио. Вредноста на Пјаниќ се проценува на 60 милиони евра, а Барселона го процени Артур на 75 милиони.

Разликата ќе ја надомести со тоа што Јувентус ќе додаде 10 милиони евра и плус пет милиони бонуси. Планот е да се потпише договорот до 30. јуни, кој е поставен како краен рок за конечниот договор.

Последната пречка за потпишувањето е согласноста на Артур да дојде во Торино. Бразилскиот играч од средниот ред започна да се предава и да дава јасни сигнали дека е подготвен да го носи дресот на Јувентус.

Од друга страна, Пјаниќ конечно ќе игра во клуб каде му се чини дека е предодреден, со оглед дека од година во година тој беше голема желба на челниците на Барселона.