„Dialy Mirror“ ангажираше читач од усните и откри што си рекле Стерлинг и Гомес еден на друг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајцата играчи пред тренинг со репрезентацијата на Англија, имаа и вербална расправија на дербито во неделата.

Атмосферата во репрезентацијата на Англија неочекувано е нарушена веднаш после првиот тренинг после собирот.

Имено, Рахим Стерлинг и Џо Гомес имаа недоразбирање поради кој играчот на Ливерпул заврши со огреботина на своето лице, а нивните соиграчи во репрезентацијата мораа да ја смируваат ситуацијата.

Ова беше продолжение на расправијата која двајцата играчи ја имаа во дербито помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити во неделата, но таму се работеше за жестока вербална расправија.

Англискиот Dialy Mirror ангажираше професионален читач од усните за да можат да откријат што си кажале двајцата играчи за време на инцидентот.

„Немој да се зае*аваш со мене Џо. Немој да се зае*аваш со мене!“, му рекол Стерлинг на Гомес, а тој му возвратил: „Само дојди!“

Стерлинг по тој инцидент се извини поради своите постапки, но селекторот Гарет Саутгејт сепак ко казни и тој нема да настапува на натпреварот против Црна Гора, но најверојатно би требало да заигра на натпреварот против Косово.